Организаторите на Евровизија ќе ѝ платат 1,5 милиони долари на Мадона за да испее две песни на Евровизија што годинава ќе се одржи во Израел, пишуваат светските медиуми. Според нив, настапот на Мадона на Евросонг ќе го финансира милијардерот Силван Адамс. Договорот ќе биде потпишан во следните неколку дена.
Оваа година Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, Израел. Ова е 64. издание на фестивалот.