Мадона ќе ја има најголемата светска турнеја досега за да прослави 40 години кариера

Краливцата на поп-музиката, Мадона, ќе ја одржи најголемата турнеја во кариерата за да го одбележи јубилејот 40 години на сцената. Според „Билборд“, 64-годишната пејачка веќе го спрема шоуто и во текот на годината ќе тргне на светска турнеја.

Според „Билборд“, Мадона ќе ги пее најголемите хитови од целата кариера, почнувајќи од првиот албум што го издаде 1983 година, до песни од последниот, „Мадам Икс“, кој го промовираше во 2019 година.

За сега не се познати градовите во кои ќе настапи Мадона, но концертите ќе се одржуваат на затворени и отворени стадиони. Бидејќи спонзор на турнејата е „Лајв нејшн“, таа ќе одржи повеќе концерти во О2 арената во Лондон.

Scroll to Top