Мадона најави концертна турнеја со најголемите хитови

Мадона ќе има турнеја насловена „Прослава“ со нејзините најголеми хитови. Со концертите ќе ја одбележи 40-годишнината од првиот успешен сингл „Холидеј“.

Мадона турнејата ќе ја започне на 15 јуни во Ванкувер, а досега се потврдени 35 датуми. Попѕвездата ќе одржи концерти и во повеќе европски градови. Прв во Европа е Лондон, потоа Копенхаген, Стокхолм, Барселона, Лисабон, Париз, Келн, Милано и Берлин, серијата концерти ќе заврши во Амстердам на 1 декември.

Турнејата „Прослава“, ќе ги опфати хитовите од целата кариера, од дебитантскиот албум „Мадона“ од 1983 до последниот „Мадам Икс“ од 2019.

Scroll to Top