Мадона раскина со 41 година помладиот дечко

Мадона раскина со 23-годишниот модел Ендрју Дарнел. Парот решил да се раздели, а Дарнел наводно веќе е во нова врска, со девојка на негова возраст, изјавил анонимен извор.

„Тоа беше многу лежерна врска со Дарнел, така што таа не е повредена. Едноставно, разделбата се случи во погрешно време. Таа има малку криза на самодовербата и ова не и помага. Таа добро се забавуваше со Ендру, но никогаш не било љубов или нешто слично“, рекол изворот.

Да потсетиме, по раскинувањето со 28-годишниот кореограф Ахламалик Вилијамс, Мадона во септември минатата година беше видена како се бакнува со младиот манекен, а подоцна ја потврдија врската позирајќи за магазинот „Пејпр“.

Веста за раскинувањето доаѓа само неколку недели откако Мадона ја шокираше јавноста со своето појавување на Греми, а луѓето почнаа да ја повикуваат за нејзиниот вештачки изглед. Пејачката им одговори на својот Инстаграм профил, а за својот изглед го обвини фотографскиот објектив и додаде дека медиумите ја деградирале од почетокот на нејзината кариера.

Scroll to Top