Мадона сексуално вознемирувала манекенка

Поранешната манекенка Аманда ја обвини поп-ѕвездата Мадона за сексуално вознемирување. Аманда беше ѕвезда во најконтроверзниот спот на Мадона, Justify My Love, од 1990 година. Во спотот Мадона страсно се бакнува со сега 53-годишната Аманда.

Речиси три децении подоцна Аманда во едно интервју открила дека Мадона цели две години по снимањето на спотот сексуално ја вознемирувала. Во тој период манекенката била мажена и бремена. Мадона, пак, ѝ праќала љубовни писма. Едно од нив се нашло на аукција и е продадено за 50 000 долари.

„Аманда како си? Зошто не ми се јавуваш? Знам дека си мажена и чекаш дете, но не можам да ти објаснам колку многу ме привлекуваш!“ стои во писмото кое наводно поп-кралицата ѝ го пратила на манекенката.

„Бакнежот од спотот се сметаше за контроверзен, ама јас само ја работев работата за која бев платена. Но таа потоа се опседна со мене“, додала Аманда во интервјуто.

Scroll to Top