Магазинот „Тајм“ го провоцира Трамп

Втор месец по ред магазинот „Тајм“ на насловната страница става провокативна илустрација од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Овој пат лицата на американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин се графички поврзани во еден лик.

Во ваквата комбинација на лицата, препознатливата коса, веѓите и обликот на устата на Трамп се поврзани со носот и сините очи на Путин.

„Фотографската илустрација е дело на визуелната уметница Ненси Барсон и одбележува еден специфичен момент во американската надворешна политика, по историскиот состанок меѓу Трамп и Путин во Хелсинки“, наведува Си-ен-ен.

И претходната насловна страница на „Тајм“ предизвика многу контроверзии во американската јавност бидејќи Трамп беше претставен надвиснат над мало девојче, илегална мигрантка од Мексико, едно од најмалку 2 500-те деца одвоени од своите родители поради миграциската политика на американскиот претседател.

Scroll to Top