Мајка ми дозволи на 11 години да глумам проститутка во филм: актерката Брук Шилдс за филмот „Прити бејби“

Актерката Брук Шилдс позната по нејзината улога како проститутка во филмот „Прити бејби“ од 1978 година, во интервју вели дека никогаш не би им дозволила нејзините деца да учествуваат во порнографијата на која била изложена како дете.

Актерката имала 11 години кога глумела проститутка во филмот во кој била принудена да се бакнува со колегата Кит Карадин, кој тогаш имал 27 години. Нејзината мајка, Тери Шилдс, наводно од страна стоела и ја гледала како се снима сцената.

„Не знам зошто мислеше дека се е во ред. Не знам“, изјавила таа во интервју за „Д сандеј тајмс“.

Тери Шилдс, мајката на актерката починала  во 2012 година на 80-годишна возраст, по долго боледување поврзано со деменција.

Актерката и филм во кој ја имала улогата на млада проститутка ќе бидат тема на документарниот филм „Прити бејби: Броук Шилдс“, во кој актерката и моделот стануваат жена која ја открива својата моќ откако е сексуализирана млада девојка, стои во сценариото. Документарецот прикажува и сцена во која нејзината ќерка Роуан ја опишува детската кариера на нејзината мајка како детска порнографија.

„Тешко ми беше да не им ја оправдам мајка ми, но кога ме прашаа, си помислив: „О Боже мој, морам да го признаам ова“. Но, не знам зошто мислеше дека се е во ред“, вели Шилдс, која во документарецот додека им објаснува на своите две ќерки дека никогаш не би им дозволила да го гледаат „Приту бејби“.

Кога Шилдс имаше само 10 години, таа позираше гола за Плејбој, додека со 14 години стана најмладата манекенка која се најде на насловната страница на „Вог“.

Брук во документарецот признава дека е зачудена што преживеала по сето тоа и открива дека во раните 20-ти била силувана во хотелска соба од човек од филмската индустрија.

Scroll to Top