Актерката Шарлиз Терон во едно од своите интервјуа ја откри својата тешката животна приказна, кога била дете. Актерката раскажала дека растела со татко кој бил алкохоличар и кој постојано бил насилен. Мајка и го убила во самоодбрана пред очите на Шарлиз.
„Тогаш се правев дека тоа не се случи, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им кажував дека татко ми почина во сообрќајна несреќа. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе му кажете дека татко ви бил алкохоличар и
вашата мајка го убила пред вашите очи. Јас не сакам да ме гледаат како жртва“, открила актерката во интервјуто.