„Мајка ми и татко ми имаа корона, а јас бев беспомошна“ – Бебе Реџа исплашена за родителите

Бебе Реџа неодамна откри дека нејзините родители се заразиле со ковид-19, но дека во меѓувреме оздравеле и дека сега се добри и двајцата. 30-годишната пејачка вели дека била исплашена за нив, а уште полошо ѝ било затоа што не можела да им помогне, оти живеат на различни делови од Америка.

„Моите родители се разболеа и јас не можев да направам ништо за да им помогнам или да им ја олеснам болеста. Три недели се бореа со короната. На моменти беше многу лошо. Се чувствував беспомошно. Јас живеам во Лос Анџелес, тие се во Њујорк, но во еден момент си реков дека ќе седнам во автомобилот и ќе возам преку цела Америка за да стигнам во Њујорк и да се грижам за нив. Но, тие ме убедија да не доаѓам. Не му дозволуваа ни на брат ми да отиде за да не се разболи и тој“, рекла таа.

Пејачката овие денови ги опишува како најстрашните во нејзиниот живот, вели, никогаш претходно не ѝ било толку страв за ништо.

„Познавав човек што почина од корона на 45 години. Затоа и не можев да спијам мирно долго време. Но, среќна сум што ситуацијата во Њујорк се подобрува и што се гледа излез од ситуацијата на Источниот брег“, додала таа.

Scroll to Top