Мајката на милијардерот Ричард Бренсон почина од корона

Мајката на Ричард Бренсон, Ив, почина од коронавирус. Милијардерот ја потврди веста и објасни како таа се борела со тешката болест.

„Мајка ми силно се бореше против вирсуот, но ја потроши целата енергија на крајот. Таа имаше возбудлив живот. Играше на сцената Вест Енд, во Втората светска војна служеше во Кралската морнарица, а по војната беше на турнеја во Германија како балерина“, изјавил Бренсон.

Тој за неа вели дека била инветивна и бестрашна. Во интервјуто за „Гардијан“ од 2014 година, основачот на „Вирџин груп“ откри дека неговото семејство било многу сиромашно кога тој бил мал. Неговото богатство лани изнесуваше 4,4 милијарди фунти.

 96. годишната Ив, зад себе остави 11 внуци и 10 правнуци.

Scroll to Top