Мајката на Роналдо сакала да го абортира

Долорес Авеиро, мајката на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, на промоција на својата книга „Мајка храброст“ раскажала дека сакала да абортус кога останала бремена со четвртото дете, односно со Роналдо.

„Најубавата работа што ја имаме се нашите деца“, со овие зборови Долорес ја почнала промоцијата во Сао Пауло.

Татко ѝ на Долорес ја напуштил кога имала шест години. Таа пораснала во сиропиталиште, а кога се вратила дома, живеела во тешки услови. Се омажила за Хосе Динис Авеиро со кого добила две деца пред тој да замине во војна. Кога се вратил од војната, добиле уште едно дете. Кога останала бремена по четврти пат, Долорес размислувала да абортира, особено што таткото на Роналдо почнал да пие.

„Веќе имавме три деца, затоа сакав да абортирам, но не можев. Многу сум благодарна што испадна вака затоа што Кристијано е ѕвезда што ми го осветли животот“, рекла таа на промоцијата.

Scroll to Top