Мајкл Даглас: Болеста ми беше казна за сите гревови кои ги направив во младоста

Холивудскиот глумец Мајкл Даглас во едно од своите последни интервјуа ги откри сите тајни од својот живот. Тој откри и за тешката болест со која се соочил во 2010 година, кога соопшти дека боледува од рак на грлото и дека ќе биде подложен на двомесечна терапија.

Подоцна за медиумите откри дека борбата со ракот ја добил со помош на хемотераија и благодарение на неговиот неизлечив оптимизам.

„Болеста ја доживував како казна затоа што кога бев млад, не водев сметка за моето здравје. Во тој период многу пиев и пушев. Таа е еден вид на казна за сите мои гревови од младоста. Подоцна кога завршив со хемотерапијата, докторите ми рекоа дека ќе бидам добро, иако не се чувствував најдобро. Секојдневно го конзумирам најдобриот лек на светот, а тоа е насмевката на мојата сопруга која ми дава сила да се борам и да победам, затоа што сакам да живеам и уживам во благодетите на моето семејство. Имам чувство дека некако сè уште не ни е дојден моментот да се разделиме“, изјавил Далгас.

Медиумите постојано пишуваа за неверствата на Кетрин и Мајкл Даглас, кои требаа да стават крај на 20 годишниот брак. Мајкл годинава помина и низ огромен стрес кога остана без својот татко Кирк Даглас. Медиумите пишуваа дека смртта на Кирк, е причината поради која двајцата се пред развод. Но, подоцна и Мајкл и Кетирн ги негираа ваквите шпекулации и изјавија дека не им обрнуваат многу внимание на шпекулациите кои медиумите ги пишуваат за нив.

Потешкотии во бракот им предизвика и синот Камерон Даглас, кој уште како тинејџер имаше проблеми со дрогата. Тој на почетокот беше дилер, а подоцна и самиот стана зависник од хероин.

„Мразев сè што ми се случуваше во животот поради дрогата, но едноставно не можев да престанам“, искрено зборувал Камерон во интервјуто за магазинот People.

Мајкл во тој период вели дека се чувствувал беспомошно и не знаел како да му помогне.

„Помислив дека ќе го изгубам“, изјавил Даглас објаснувајќи дека тоа бил најтешкиот период од неговиот живот.

Денес Мајкл за себе вели дека е среќен човек, дека го има сето тоа што е потребно да го направи да се чувствува убаво и сакано.

„Кетрин е прекрасна сопруга, сјаен човек, ја сакам од сè срце“, открива глумецот.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top