Кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, кој почина пред осум години, и по смртта заработува милиони долари.
Пејачот е на врвот на листата на „Форбс“ на покојни славни личности што имаат најголема заработувачка. Тој е на врвот на листата петта година по ред. Профитот на сè што е поврзано со Мајкл Џексон изнесува 75 милиони долари годишно. По него на листата е голф-легендата Арнолд Палмер (40 милиони долари) и Чарлс Шулц (38 милиони долари).