Мајкл Џордан отвори болница за луѓе што немаат здравствено осигурување

НБА ѕвездата Мајкл Џордан отвори болница во градот Шарлот во Америка, во која ќе им се даваат лекарски услуги на пациенти што немаат здравствено осигурување. Болницата е лоцирана во делот од градот каде што живеат луѓе со пониски примања и во сиромаштија. Ова е втора болница на поранешниот кошаркар.

Пред само две години, Џордан објави дека ќе донира 7 милиони долари за изградба и отворање на две медицински установи. На отворањето на болницата, тој рече дека овој негов сон станал реалност.

„Ова е особено емотивно за мене затоа што можам да ѝ вратам на заедницата која што ми пружаше поддршка со години наназад. Верувам дека маалото во кое е некој роден не треба да го одредува квалитетот на нечија здравствена заштита или дали воопшто може некој да добиеш здравствена заштита“, рече Џордан пред присутните.

Клиниката ќе има на располагање 12 соби – диспанзер, рентген сала и простор за физикална терапија. Покрај тоа што ќе се грижи за здравјето на пациентите клиниката ќе има и социјален работник кој ќе треба да им даде социјална поддршка на посетителите на клиниката.

Инаку, Џордан, кој најголемиот дел од кариерата го помина во „Чикаго булс“, сега е сопственик на кошаркарскиот клуб „Шарлот хорнетс“.

Scroll to Top