Поп-sвездата Мајли Сајрус за американските медиуми изјави дека се сретнала со сексистички коментари од директорот на МТВ за време на својот настап на годинашното доделување на „Ем-ти-ви видео музичките награди“.
„Ги замолив да ги исклучат светлата за убавина затоа што тие светла никогаш не би се вклучиле доколку настапи некој маж. Дури не станува збор за тоа, едноставно не ми беа потребни затоа што не го замислував мојот настап на тој начин. Директорот на Ем-ти-ви тогаш ми рече дека ќе ме третира како маж“, изјави Мајли за „Џо Роган икспириенс“.
Мајли исто така имаше лоша среќа за време на својот настап поради што сакаше да повтори сè, но веќе имаше конфликт меѓу неа и режисерот.
„Тогаш се изнервирав бидејќи раквиците ми се заплеткаа во костимот и ми беше тешко да се движам, затоа сакав да повторам, а директорот ми рече дека такво нешто никогаш нема да им се случи на мажите и дека ако сакам да ме третираат како маж, тогаш мора да го прават тоа цело време, а не само кога тоа ми одговара“, рече пејачката.
Мајли не сакала да го премолчи сето тоа, па одговорила на свој начин.
„Маж никогаш не би имал ваков перформанс затоа што не е должен да се соблече гол и да го подигне рејтингот на вашата програма“, одговорила пејачката.
Мајли, изведувајќи го својот нов хит на доделувањето на ММА -наградите, го повтори својот контроверзен настап од 2013 година кога јаваше на дискотопка целосно гола во спотот за песната Wrecking ball. За разлика од тогаш, Мајли овој пат беше целосно облечена. Сличност, сепак, постои.