Мајли Сајрус го прослави успехот на новата песна со танц и црн фустан

Пејачката Мајли Сајрус со победнички танц на Инстаграм го прослави успехот на нејзината нова песна „Флаварс“, која е најмногу стримувана за една седмица на „Спотифај“ и е број еден на „Хот 100“ Билбордовата листа.

Сајрус објави две фотогрфаии на Инстаграм на кои е фотографирана додека игра, облечена во мини, црн фустан со ракави и деколте.

„Прославуваме што „Флаварс“ е број еден ширум светот повторно оваа седмица. Ми се допаѓа што оваа песна ги поврзува луѓето во толку позитивен контекст и задоволство ми е да правам музика за вас. Овие пресврти се можни само благодарение на моите слушатели и неверојатни фанови. Бескрајно благодарам“, напишала пејачката.

Текстот и мелодијата на рефренот на оваа песна потсетува на песната на Бруно Марс „When I Was Your Man“ која Хемсфорт наводно ѝ ја посветил на Мајли на нивната венчавка во 2018 година година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Scroll to Top