Манекенката Бјанка Балти се бори со ракот на јајниците, снимена е во Милано, им се насмевна на камерите

Италијанската манекенка Бјанка Балти (40) неодамна објави дека и е дијагностициран рак на јајниците. Иако и претстои тежок период во животот, таа се труди да биде позитивна.

„Отидов во итната помош и дознав дека болката во долниот дел на стомакот е всушност рак на јајниците во стадиум 3C. Беше една недела полна со страв, болка и солзи, но уште повеќе љубов, надеж, смеа и сила. (Видете ги овие слики за доказ, ха , ха.) Имам долг пат да одам, но знам дека ќе победам.

За себе, за своите најблиски (моите ќерки се на прво место) и за сите вас на кои им треба сила – можете да позајмите некоја моја затоа што ја имам премногу. Животот се случува; дај му причина. Ракот досега ми даде можност да најдам убавина и покрај животните препреки“, напиша Бјанка покрај фотографијата од нејзиниот болнички кревет.

Во јавноста речиси никогаш не ја симнува насмевката од лицето и покрај тешката животна борба, па деновиве беше фотографирана зад воланот на својот автомобил на улиците на Милано. Таа се насмевна и им мавна на папараците.

Минатата година таа ги покажа лузните од двојната мастектомија, на која беше подложена како превентивна мерка, откако откри дека има генетска предиспозиција за развој на рак на дојка и матка.

Манекенката од 2016 година е во брак со тренерот Метју Мекреј, со кој во 2015 година ја доби ќерката Миа. Таа има уште една ќерка, 16-годишната Матилде, со фотографот Кристијан Луциди, со кој беше во брак од 2006 до 2010 година.

Scroll to Top