Манс Зелмерлоу ќе стане татко

Шведскиот пејач Манс Зелмерлоу ќе стане татко. Победникот на Евровизија од 2015 година, веста ја објави преку својот инстаграм-профил, со фотографија на која тој и неговата девојка Киара Јансон покажуваат снимки од ехото на бебето.

Пејачот кој победи со песната „Херои“, под фотографијата напиша „Ќе пристигне малиот херој“. Неговите следбеници му упатија бројни честитки, но најгласни беа евровизиските фанови кои во коментарите пишуваа дека се надеваат дека детето ќе биде талентирано како Манс и дека еден ден ќе натапи на Евровизија.

Scroll to Top