Мараја Кери ги откажа божикните концерти

Поп-пејачката Мараја Кери преку својот твитер-профил објави дека мора да откаже неколку божикни концерти поради проблеми со респираторниот систем.

„Се чини дека и јас добив предвремен празничен подарок. По минатонеделниот грип, сега имам проблеми со респираторниот систем, па ќе мора да откажам неколку концерти“, напишала Мараја.

Сепак, некои од нејзините обожаватели ќе може да го гледаат нејзиното шоу и да ја слушнат најпродаваната празнична песна All I Want for Christmas is You.

Scroll to Top