Мараја Кери како вешетерка, видеото има 4,5 милиони прегледи

Видеото на американската пејачка Мараја Кери за Ноќта на вештерките стана популарно на социјалната мрежа ТикТок и за само неколку часа собра околу 4,5 милиони лајкови и над 9 милиони прегледи.

На видеото пејачката е во маска по повод Ноќта на вештерките. Мараја Кери како вештерка вози велосипед за вежбање додека се смее со вештерски глас.

„Време е“, напиша пејачката под видеото.

„Ми се допаѓа како го прифаќате фактот дека сте сопственичка на Божиќ“, „Кога таа вели дека е време, време е“, се само дел од коментарите.

@mariahcarey IT’S TIIIIIIIME!!!!!!!! 🎄🎉❤️#MariahSZN ♬ original sound – Mariah Carey

Scroll to Top