Светската ѕвезда Мараја Кери ќе ја издаде својата прва детска книга, „Божикната принцеза“. Таа за да ја напише книгата се инспирирала од себе и своето детство, а главниот лик е малата Мараја. Пејачката, која честопати ја нарекуваат и Кралица на Божик поради нејзиниот хит „Сè што сакам за Божик си ти“, откри дека книгата ќе излезе во текот на оваа година.
„’Божиќната принцеза’ е бајка за љубителите на празниците од сите возрасти! Малата Мараја го претставува моето внатрешно дете кое верува во сопствената визија, таа ги претставува сите деца, особено оние кои се чувствуваат како аутсајдери или оние кои се стремат да веруваат во себе. Беше охрабрувачки да ги трансформирам немирите од моето детство во модерна класична бајка полна со чуда и безгранична надеж“, напиша пејачката и објави слика од корицата на книгата.
Мараја приказната ја напиша заедно со Михаела Анџела Дејвис, со која ги пишуваше и своите мемоари во 2020 година, „Значењето на Мараја Кери“. Детската книга содржи илустрации на Фуџи Такаши, а ќе биде објавена преку „Хенри Холт Книги за млади читатели“ наесен.