Следната година во февруари музичката ѕвезда Мараја Кери ќе тргне на светска турнеја. Турнејата наречена Caution го носи името на нејзиниот нов, 15. студиски албум кој ќе биде промовиран на 16 ноември. Засега се закажани само концертите за Северна Америка, а нејзиниот менаџментт најави дека датумите за европскиот дел од светската турнеја ќе бидат објавени најдоцна до крајот на ноември.
Пред почетокот на светската турнеја, 48-годишната пејачка ги откажа концертите во Лас Вегас, а почна да настапува низ Азија. Таа во декември ќе има и божиќна турнеја во неколку града во Западна Европа.