Марго Роби e најубавата жена во светот за 2022 година според „Ранкер“

Актерката Марго Роби прогласена за најубава жена во светот за 2022 година од американскиот веб портал „Ранкер“. На листата се најдоа имиња на холивудски актерки, манекенки, пејачки и други славни имиња.

Првите пет места им припаднаа на славни актерки.  Претходно во 2022 година беше прогласена и за најсекси жена, според „Максим“, а неодамна стана и најдобро платена актерка во Холивуд.

Второто место ѝ припадна на актерката Гал Гадот која со светска слава се стекна со филмовите „Batman v Superman: Dawn of Justice“, „Wonder Woman“ и „Justice League“.

На трето место е познатата актерка Скарлет Јохансон, додека по неа се најде актерката со шпанско-кубанско потекло Ана де Армас.

Петтото место ѝ припадна на славната американска актерка Џесика Алба.

Scroll to Top