Марго Роби и Бред Пит седеа еден до друг на „Златните глобуси“ по нивниот бакнеж во филмот „Вавилон“

Австралиската глумица Марко Роби седеше покрај Бред Пит на доделувањето на 80-тите „Златни глобуси“. Помеѓу двајцата глумци има неверојатна хемија и сега во Холивуд зборуваат за нивниот спонтан бакнеж во филмот „Вавилон“, пишува „Дејли мејл“.

Бред и Марго ги имаат главните улоги во комедијата „Вавилон“, но неодамна Роби призна дека бакнежот со Пит не бил во сценариото.

„Бакнежот се случи спонтано, решив да импровизирам. Ама си реков, па кога во животот ќе имам друга шанса да го бакнам Бред Пит. И го бакнав“, открила таа во едно интервју.

Марго на „Златните глобуси“ носеше розов фустан, а Бред беше облечен во црн смокинг со бела кошула. Светските медиуми пишуваа и дека Бред бил најголемата ѕвезда на вечерта.

„Сите сакаа да се фотографираат со него и да направат муабет. Нема кој не му пријде,“ пишуваат медиумите и објавија фотографии на кои Пит е со Квентин Тарантино, Остин Батлер, Колин Фарел и многу други.

Scroll to Top