Марго Роби објави фотографија од себеси во улогата на Шерон Тејт

Холивудската актерка Марго Роби (28) објави фотографија од себеси во улогата на убиената актерка Шерон Тејт.

Марго, која се прослави во улогата во кино-хитот „Волкот од Вол Стрит“, а потоа и во одличните филмски остварувања Suicide Squad и I, Tonya, наскоро ќе се појави во два филма кои критичарите очекуваат дека ќе ја лансираат актерката во ѕвездената орбита.

Се работи за филмските остварувања Mary Queen of Scots и Once Upon A Time In Hollywood. Во првиот актерката ќе ја игра кралицата Елизабета I, a во вториот брутално убиената актерка Шерон Тејт.

@MaryQueenMovie #MaryQueenofScots

A post shared by @ margotrobbie on

Се работи за филм на режисерот Квентин Тарантино, со Бред Пир и Леонардо ди Каприо во главните улоги. Во сценариото е опишан крвавиот поход од 1969 година на Чарлс Менсон. Тој ги убива сопругата на режисерот Роман Полански, познатата холивудска актерка и нејзините пријателки со кои таа вечер тој се дружел во својата куќа.

Да биде работата уште потрагична, актерката била во деветтиот месец од бременоста. Откако била избодена 16 пати со нож, нејзиниот убиец го напишал зборот „свиња“ на влезната врата. Телата следното утри ги пронашла слугинката.

Маргот неодамна на „Инстаграм“, каде што ја следат 15 милиони обожаватели, објави фотографија од себеси во споменатата улога. Филмот во кината ќе стигне во летото 2019 година.

 

Scroll to Top