Мариа Перељо ја жртвувала својата кариера за успехот на Надал: Љубовната приказна на славниот тенисер

Познатиот тенисер Рафаел Надал веќе неколку години е во брак со Марија Франсиска Перељо, Шпанка која ретко се појавува во јавноста, па поради тоа го доби прекраот „мистериозна“ или „жена во сенка“. Најразлични теории кружеа во јавноста за реткото појавување на сопругата на Надал, една од нив е дека тенисеро се срами од својата сопруга, бидејќи ќесто била критикувана за нејзиниот физички изглед.

Марија Франсиска Перељо, поради Надал се откажа од нејзината кариера, а тој се чувствувал вина поради тоа. Па и затоа, таа ги носи сите важни одлуки и негов главен советник кога се во прашање деловните ангажмани, бидејќи е дипломиран економист. Исто како и за сопругата, малку се знае за нивниот брак

И покрај тоа што Рафа и Марија пораснале на Мајорка, тие се запознале дури во средношколските денови. Љубовната врска ја започнаа во далечната 2005 година, а по 14 години врска се решија за брак, па се венчаа во 2019 година во родниот град, при што се одржа прославата во замокот Ла Форталеза.

Марија во една прилика одговорила на прашањето зошто ретко се појавува на натпревари и во јавност со својот сопруг и објасни зошто тоа е случај исклучиво за потребите на биографијата на Надал. „Му треба простор кога се натпреварува, а самата идеја да го чекам цел ден да го заврши она што му треба и да шетам ме изморува. Тоа би ме задушило. Тој ќе мора да се грижи за мене. Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се согласуваме“, рече таа.

Во истото интервју Марија истакна зошто толку се трудат да ја задржат врската само за себе. „Дури и кога моето семејство ме прашува за него, јас не кажувам многу. Факт е дека едноставно не се чувствувам удобно да зборувам за мојот личен живот. Тоа му одговара и на Рафаел“, објасни Марија.




		
		
			
Scroll to Top