Музичарот Марк Хопус, басист и пејач на бендот „Блинк 182“, преку социјалните мрежи откри дека го победил ракот во четвртиот стадиум. Тој вели дека и една година по последниот преглед, резултатите се добри и ракот не се вратил.
„Денеска сум многу благодарен. Cкенот е чист и немам рак. Благодарен сум за секој ден и затоа што сум тука. Ве сакам сите,“ напиша тој на Инстаграм и објави фотографија на која му вадат крв за потребните анализи.
Хопус лани во јуни минатата година откри дека е излечен од рак, а потоа ги известуваше фановите за неговата ситуација во текот на целиот третман. Тој тогаш откри дека се бори со истиот тип на рак како и неговата мајка, а која, исто така се изборила со болеста.
Неодамна тој кажа дека се вратил во студио и дека ќе продолжи да создава музика.