Марк Валберг ја предупреди Хрватска

Ѝ честитам на Русија за добрата игра на Светското првенство. Хрватска, одлична победа, напишал холивудскиот актер Марк Валберг (47). Актерот со мајка си го проследил четврт-финалето во кое „коцкестите“ победија и се пласираа во полуфиналето, а објави и снимка од пеналот на Иван Ракитиќ (30). Ја избрал Хрватска како победник и додал предупредување до фудбалерите.

„Чувај се Хрватска. Сега те чека Хари Кејн“, изјавил Марк. Ги предупредил хрватските фудбалери на напаѓачите на англиската репрезентација со која ќе играат денеска во полуфиналето. Кејн на Светското првенство во Русија постигна шест погодоци и досега е најдобриот стрелец.

Марк е фан на Кејн од 2016 година кога го посетил стадионот „Вајт Хајт Лејн“ во Лондон, стадион кој е во рамките на „Тотенхем“, каде што и напаѓачот на „гордиот албион“ игра. Актерот се радува на 25 јули кога Кејн ќе игра против фудбалерите на „Барселона“ во Лос Анџелес.

„Даде победнички пенал против Колумбија. Тоа беше лудо. Кејн постигна одличен гол“, изјави Марк во видеото.

Марк ги повика граѓаните во што поголем број да дојдат на мечот меѓу „Барселона“ и „Тотенхем“.

 

 

Scroll to Top