Марк Волберг сака да изгради нов Холивуд, ќе прави студио во кое ќе работат 10.000 луѓе

Марк Волберг рече дека сака да изгради нов „Холивуд 2.0“ во Лас Вегас. Ова го изјави само неколку месеци откако се исели од Лос Анџелес. Рече дека си заминал затоа што сака да им овозможи на своите деца подобар живот.

Апелираше до законодавците во сојузната држава Невада да донесат закон со кој се зголемуваат даночните олеснувања за филмската индустрија од 10 на 190 милиони долари годишно во следните 20 години.

„Би сакал да изградам студија и да отворам нови работни места. Да создадам разновидна економија. Снимањето на мојот последен филм го преселив токму овде. Тука го снимам и следниот филм кој ќе излезе на лето“, рече Волберг за CNBC.

Минатата година ја огласи на продажба својата куќа во Беверли Хилс за цена од 87,5 милиони долари и се пресели во Невада со надеж дека неговите деца ќе можат да живеат подобро.

Неговиот обид е последен во серијата на познатите да најдат нова престолнина за филмската сцена бидејќи високите даноци во Калифорнија, кои треба да стапат на сила, само го зголемуваат криминалот и бездомништвото.

Освен Волберг, од Калифорнија си заминаа и Илон Маск, Џо Роган, Ози Озборн со сопругата Шерон и Мет Дејмон.

„Мислам дека тука во Невада има многу повеќе потенцијал и тоа е прекрасна можност за сите да успеат“, рече Марк.

„Сакаме да отвориме 10 илјади работни места само во студиото. Просечната плата ќе биде 100.000 долари повисока отколку што е сега. Сакаме да обучуваме луѓе и пред и зад камерите, да создаваме работни места, најмногу за локалното население“, рече Волберг за Fox Business.

„Сакам да работам од дома. Пред многу години се преселив во Калифорнија поради глумата и за тоа време снимив неколку филмови“, рече актерот и додаде дека не е задоволен од тоа како го користел времето и дека сака подобра иднина за своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

„За да им овозможам на моите деца да имаат подобар живот и да ги следат нивните соништа, ќерка ми како јавач, синот како кошаркар или мојот помал син како голфер, ова имаше најмногу смисла за сите нас“, одговори Волберг на прашањето за неговата главна мотивација да се пресели од Калифорнија во Невада.

Scroll to Top