Мартин Герикс избран за најдобар диџеј за 2017 година

Списанието „Диџеј маг магазин“ ја објави листата на најдобри светски диџеи за 2017 година, а на првото место се најде 21-годишниот Холанѓанец Мартин Герикс. Герикс и минатата година беше прогласен за најдобар светски диџеј. На второ место се најде белгиското дуо Димитри Вегас и Лајк Мајк, додека на третото мресто е Армин ван Бурен, кој претходно петпати беше избиран за најдобар светски диџеј.

Меѓу најдобрите десет годинава се најдоа и Хардвел, Тиесто, Чеинсмоукерс, Дејвид Гета, Афроџек, Стив Аоки и Маршмело.

Scroll to Top