Мартин Шин поради кариерата рече дека го променил вистинското име

Холивудскиот глумец Мартин Шин, во разговор за Closer Weeekly, рече дека поради кариерата тој морал да го смени неговото вистинско име кое легално сè уште е Рамон Естевез. Тој дополни дека жали што морал да го направи тоа.

„Тоа е нешто за кое искрено жалам. Никогаш официјално го немам сменето името. Во мојот извод од матично сè уште се викам Рамон Естевез“, додаде тој и дополни дека неговото официјално име стои и на брачната дозвола, пасошот и возачката дозвола.

„Понекогаш ќе ве наговорат на такво нешто кога немате доволно увид или храброст да се завземете за она во што верувате, а подоцна тоа ќе го платите. Се разбира не зборувам само во мое име“, рече глумецот.

Неговите два сина, глумците Чарли Шин и Емилио Естевез, се поделија кога станува збор за изборот на презимињата, па двајцата се одлучија за различни.

Мартин признава дека во тоа време не бил свесен дека неговите синови се заинтересирани за глума, затоа што бил премногу зафатен за сопствената кариера и издржување на семејството.

„Единственото влијание кое го имав на Емилио беше да го задржи неговото име. Кога почна, неговиот агент го советуваше да го промени во Шин, а тој тоа не сакаше да го направи. И фала му на господ заради тоа“, призна Шин.

Scroll to Top