Маскирани разбојници упаднале во имотот додека принцот Вилијам, Кејт и децата спиеле

Двајца маскирани мажи упаднале во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, принцезата Кејт и нивните деца спиеле во нивниот дом во блиската колиба Аделаида, пишува Дејли мејл. Инцидентот се случил минатиот месец, кога провалници ја прескокнале оградата висока 1,8 метри и со украден камион ја пробиле безбедносната врата.

Од шталата на фармата Шо, која е во безбедносната зона на замокот, украдени се пик-ап возило и quad возило. Тие потоа избегале преку оштетената безбедносна врата, која семејството често ја користи како излез од нивната резиденција. Овој инцидент се случи откако вооружените полицајци беа отстранети од главните влезови на замокот поради недостаток на квалификувани службеници и загриженоста на туристите за присуството на вооружени чувари.

Иако на имотот биле поставени аларми, упадот бил откриен дури кога провалниците ја пробиле безбедносната бариера. Од полицијата потврдија дека се уште никој не е уапсен и дека истрагата се уште е во тек. Семејството на принцот Вилијам се преселило во Колибата Аделаида од палатата Кенсингтон во 2022 година. Претходниот безбедносен инцидент на имотот беше забележан на Божиќ 2021 година, кога маж со самострел ја прескокна оградата со намера да ја убие тогашната кралица Елизабета Втора, за што подоцна беше осуден на девет години затвор.

Scroll to Top