Премиерата на продолжението на холивудскиот хит „Топ Ган“ од 1986 година најверојатно ќе биде одложена за во септември поради пандемијата на коронавирусот. Ова го откри главниот лик Том Круз на „Твитер“.
„’Топ Ган’: Маверик ќе полета во септември. Останете на сигурно“, напиша Круз на „Твитер.
Новиот датум на прикажување на филмот ќе биде 23 септември. Премиерата требаше да биде еден од најважните филмски настани ова лето, но пандемијата со коронавирусот ја одложи целата работа.
Во продолжнетио Том Круз, повторно се појавува во улогата на самоуверениот пилот и американски војнил Пит Маверик Митчел, но овој пат како инструктор по летање.
„Знам дека многумина од вас чекаа 34 години. Но, за жал ќе мора уште малку да потрае“, напиша Круз.
„Топ Ган“ го претвори Том Круз во филмска ѕвезда и овој филм во првата година на прикажување ги претрка сите други по приходите. Круз минатата година неочекувано се појави на фестивалот Comic-Con во Сан Диего и објави дека се снима продолжението.