Американскиот суд му забранил на 37-годишниот Џон Форд пет години да ѝ се приближува на манекенката Кендал Џенер. Тој неодамна бил уапсен оти влегол во приватниот имот на 23-годишната манекенка. Платил кауција од 20.000 долари и бил пуштен од затвор, но откако повторно се обидел да влезе во нејзиниот дом, полицијата го уапсила. Ако во следните 5 години повторно ѝ се приближи на Кендал, Форд ќе оди во затвор.