Мажот кој насилно влегол во домот на Еминем сакал да го убие раперот

Вчера во Детроит почна судењето на Метју Дејвид Хјуз, кој пред пет месеци насилно влезе во домот на американскиот рапер Еминием. На судењето сведочеше полицаецот кој прв дошол во куќата на познатиот рапер и тој раскажа дека Хјуз признал дека сакал да го убие Еминем, а не да го ограби.

Инцидентот се случил на 5 април во домот на Еминем во Детроит. Тогаш Хјуз ја прескокнал оградата од куќата на раперот, со цигла скршил еден од прозорците и влегол внатре. Тој дошол до спалната соба на Еминем и застанал над него. Пејачот се разбудил, го видел мажот и прво помислил дека тоа е неговиот внук.

„Кога господинот Метерс го прашал зошто е таму, Хјуз му рекол дека дошол да го убие“, раскажал полицаецот на судењето.

Кога полицаецот влегол во куќата, го затекнал Хјуз како се бори на подот со член од приватното обезбедување на Еминем. Потоа, тој е уапсен, обвинет за упад од прв степен и оттогаш е во затвор.

Еминем вчера не присуствувал на судењето.

Scroll to Top