Ме силуваше и ми викаше колку ме мрази, Амбер Херд сведочеше за насилството од Џони Деп

Амбер Херд сведочеше пред судот за наводното семејно насилство кое го трпела од Џони Деп. Таа рече дека глумецот ја силувал и дека со нејзината крв ги боел ѕидовите од куќата. За време на свдочењето таа изнесе детали од времето кога беа заедно, а неговите адвокати рекоа дека лаже.

Нападот наводно се случил во март 2015 година во куќата во која живееле, а која Деп ја купил додека го снимал филмот „Пирати од Карбите 5“. Глумецот тогаш го повредил прстот откако Амбер фрлила шише кон него.

 Amber Herd tvrdi da ju je Džoni Dep silovao flašom - Profimedia

„Во еден момент викаше на мене дека ме мрази дека сум му го уништила животот. Ме држеше за вратот. Никогаш во животот не сум била исплашена како тогаш. Се обидував да се ослободам, но ме удри силно и ме притискаше на шанкот. Не можев да дишам. Се сеќавам се обидов да станам и да му кажам дека ме повредува. Но, не можев. Не можев да дишам, не можев да станам“, сведочеше Амбер.

 Amber Herd tvrdi da ju je Džoni Dep silovao flašom - Profimedia

Таа додаде дека Деп ја силувал со скршено шише алкохол.

„Делуваше како да ме удира. Не се сеќавам што ми рече. Само се сеќавам дека ми рече да бидам мирна“, продолжи Амбер.

Глумицата рече дека следно на што се сеќава е како завршила во купатилото и дека повраќала.

 Amber Herd tvrdi da ju je Džoni Dep silovao flašom

 

Адвокатите на Деп рекоа дека Амбер лаже и дека ќе ја откријат вистината преку вкрстено испрашување. Амбер потоа раскажа како Деп претходно ја обвинил дека го изнверувала со нејзин колега од филмот The Danish Girl и додаде и дека глумецот земал десетина MDMA таблети.

 Amber Herd tvrdi da ju je Džoni Dep silovao flašom - Profimedia

„Го побара неговиот агент и уште неколку луѓе и викаше по нив. Имав чувство дека се работи за пари. Имав чувство дека луѓето го крадеа. Беше насилен, фрлаше работи и викаше на мене. Потоа ме бутна во ѕидот во кујната, а јас се удрив во фрижидерот. Ми викаше дека никој не ме сака и ме провоцираше да земам шише во рака. Ми го додаваше, а кога на крајот го земав го фрлив на подот. Потоа почна пак да вика и да фрла шишиња на мене. Ми рече дека ќе ми го исече лицето. Беше страшно“, продолжи Амбер.

 Amber Herd tvrdi da ju je Džoni Dep silovao flašom - Profimedia

Таа продолжи да сведочи велејќи дека Деп ја допирал по телото, а потоа ја фрлал на земја. И продолжил да и зборува дека ја мрази и дека му го уништила животот. Потоа ѝ го земал телефонот и го скршил. Следното утро кога се разбудила ги видела ѕидовите намачкани со крв.

„Неговата рака беше замотана во крпа, а во еден момент ми рече дека прстот го користел како четка“, тврдела Амбер. Кога пристигнало неговото обезбедување, Амбер вели дека се обидела да му даде чаша со кафе, но тој ја фрлил во телевизорот.

Таа во нејзиното сведочење покажа и фотографии од Деп кои ги направила додека тој се дрогирал.

 

 

 

 

Scroll to Top