Холивудската глумица Шерон Стоун во едно од своите последни интервјуа открила дека во минатото била погодена од гром. Громот толку сулно ја погодил што глумицата летала низ кујната.
„Бев дома и додека работев со пеглата едната рака ми беше на чешмата. Оддеднаш ме удри гром, одлетав низ кујната и удрив во фрижидерот“, раскажала глумицата.
Таа потоа кажала дека мајка ѝ ја однела во болница, каде веднаш и бил направен ЕКГ, кој покажал голем електрицитет во нејзиното тело.