Ме удри гром летав во кујната, беше страшно – раскажа Шерон Стоун

Холивудската глумица Шерон Стоун во едно од своите последни интервјуа открила дека во минатото била погодена од гром. Громот толку сулно ја погодил што глумицата летала низ кујната.

„Бев дома и додека работев со пеглата едната рака ми беше на чешмата. Оддеднаш ме удри гром, одлетав низ кујната и удрив во фрижидерот“, раскажала глумицата.

Таа потоа кажала дека мајка ѝ ја однела во болница, каде веднаш и бил направен ЕКГ, кој покажал голем електрицитет во нејзиното тело.

Глумицата вели дека била среќна што останала жива. Тоа не бил единствениот несреќен случај што го доживеала во минатото.

Стоун открила дека еднаш случајно се исекла на вратот, но за среќа не ја погодила артеријата, а во 2001 година, вели дека доживеала и мозочна анеуризма.

 

Scroll to Top