Меган е љубоморна, поранешната го покани принцот Хари на свадба

Војвотката Меган Маркл му е љубоморна на својот сопруг принцот Хари, затоа што ќе се појави на венчавката на неговата поранешна девојка Кресида Бонас, пишуваат британските медиуми.

Принцот Хари  бил во врска со Кресида од 2012 година до 2015 година. Прекинале затоа што за Кресида било преголемо оптоварување да стане принцеза, пишува британски „Мирор“.

Откако раскинаа Хари ја запознал Меган, а Кресида му се вратила на своето поранешно момче, маркизот Хари Вентворт-Стенли, за кого наскоро ќе се мажи.

Хари и Кресида останале пријатели, а таа беше гостин и на нивната венчавка со Меган во 2018 година. Сега поранешната девојка на принцот одлучила да го покани Хари на нејзината венчавка.

Организаторите на венчавката ја потврдиле веста дека Хари ќе се најде на листата на поканетите гости, но сè уште не се знае дали Меган ќе го придужува. Извори блиски до кралското семејство тврдат дека Меган е љубморна и дека таа не се чувствува пријатно во друштвото на поранешните партнерки на нејзиниот сопруг.

Наводно Меган не била премногу воодушевена ниту кога дознала дека неговата поранешна девојка ќе дојде на нивната венчавка. Поради таа причина, сите поранешни девојки на Хари биле поканети само на церемонијата во црквата, додека на приватната забава им било забрането да дојдат.

Меган особено е чувствителна на Челзи Дејви, која се сметала за најсериозната девојка на Хари во минатото. Извори блиски до кралското семејство тврдат дека ни Кресида не ѝ била премногу драга на Меган, па оттука голема е веројатноста Хари сам да се појави на нејзината венчавка.

Кресида е британски модел кој неодамна се вери со агентот за недвижности, маркизот Хари Вентворт-Стенли. Нивната венчавка требало да се одржи на почетокот на следната година.

 

 

Scroll to Top