Меган е опседната со желбата да ја надмине Ким Кардашијан

By

Американската актерка Меган Маркл е опседната со желбата да ја надмине во популарност светската старлета Ким Кардашијан, пренесуваат американските таблоиди.

Ким, освен што изгледа фантастично, има заработено и преку милијарди долари, на „Инстаграм“ ја следат 191 милион фанови, мајка е на четири деца и сопруга на познатиот американски рапер Канје Вест, кој исто така е полн со пари.

Иако и Меган не заостанува многу по популарноста, таа не е задоволна од количината на слава што  ја има постигнато и сака да биде славна и успешна како Кардашијан, велат нејзини пријатели.

Нејзин близок извор тврди дека Меган сонува да стане милијардерка и да ја престигне Ким по заработката.

„Од Меган, откако стана сопруга на Хари, се очекуваше да работи во интерес на монархијата. Но, таа имаше свои големи планови и цели за себе. Го развиваше своето деловно царство. Основа продукциска куќа која ќе снима документарец за ‘Нетфликс’, со кого потпиша договор тежок околу 200 милиони долари. Таа ова го гледа како почеток на своето издигнување кон тронот за најуспешна и највлијателна жена на светот“, вели изворот.

Таа мисли дека е природно, заедно со Хари, да скокнат на местото на Кардашијан, чие шоу згасна по долги години емитување.

„Во кулоарите се зборува дека Меган и Хари имаат намера да снимаат свое реално шоу. Меган размислува да стави и ботокс и филери на лицето, за да личи на Кардашијан“, открива изворот.

Сепак тој признава дека она што тешко ќе може Меган да го копира од Ким е нејзиниот опуштен однос со хејтерите на социјалните мрежи. Сопругата на Хари ја обожава Ким токму поради начинот на кој таа ги игнорира злобните коментари.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv streaming online: Fairy Tail (Dub) Episode 175

ANIMEFLIX one piece animeflix: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview (https://animeflix.nl/m/YDM4/ep-1)