Актерката Меган Фокс заедно со нејзиниот сопруг Брајан Остин Гринс, со кого е веќе девет години во брак, нема да се разведе, пишуваат светските медиуми. Меган и Грин се венчаа во јуни 2010 година, а на крајот на минатата недела двајцата потпишаа документ пред судот во Лос Анџелес со кои ја откажаа процедурата за развод.
Меган и Брајан се запознале на снимањето на серијата Hope and Faith. По големиот број расправии, двојката се раздели во 2015 година, но неколку години подоцна повторно се смирија и го добија третиот син Џорни Ривер Грин.
„Бракот е тежок. Мислам дека тоа е работа за секој. Поединци гледаат на разводот како да е тоа некое големо разочарување, но тоа не е така. Ние имаме три неверојатни деца. Имавме и имаме сјајна врска“, изјавил Грин минатата година во интервју за People.
Славната двојка покрај Џурниј, ги има уште и двата сина Ноа Шенон и Боди Ренсом. Ниту Меган ниту Брајан досега не се огласиле досега по повод прекинот на бракот.