Меган Фокс потврди дека ја раскинала свршувачката со раперот: Тој ми е сродна душа, но…

По турбулентна година, вистинскиот статус на врската на Меган Фокс со Машин Ган Кели остана мистерија за фановите. Актерката сега потврди за време на гостувањето во подкастот Call Her Daddy дека таа и раперот ја раскинале свршувачката.

„Се чини дека сите имаат мислење за вашата врска. Се веривте, па мислам дека ја прекинавте, а сега не знаеме што се случува. Како би ја опишале вашата врска со МГК?”, ја праша Алекс Купер.

Меган одговорила: „Научив дека овие работи не се за јавноста, па сега немам коментар за статусот на врската. Тој е мојата сродна душа и секогаш ќе бидам поврзана со него на некој начин“.

На крајот од емисијата таа потврди дека ја раскинала свршувачката.

Scroll to Top