Глумицата Меган Маркл во едно од своите последни интервјуа им порача на луѓето кои ги користат социјалните медиуми дека се идентично зависни како и луѓето што се навлечени на наркотици. Ваквата изјава таа ја дала иако со години и таа беше корисник на „Инстаграм“.
„Луѓето кои се зависни од дрога ги нарекуваме корисници, како и луѓето кои зависат од социјалните мрежи. Се грижам за луѓето што станаа опседнати од социјалните мрежи. Во овој момент тие се во огромен број“, изјавила Меган.
Меган верува дека социјалните мрежи ја имаат истата моќ да предизвикаат зависност како и дрогата. Нејзините коментари биле речиси идентични како и речениците и изјавите во неодамнешниот објавен документарец на „Нетфликс“, Tho Social Dilemma, кој на ист начин ги спореди корисниците на социјалните мрежи со зависниците од дрога.
Откако Меган ја даде изјавата, таа се најде на мета на јавноста поради нејзиниот говор, кој е речиси целосно превземан од споменатиот документарен филм.
„Како не ти е срам? Ти луѓето ги сметаш за глупави? Дел од тој говор ти беше идентичен како и речениците од документарниот филм The Social Dilemma. Можеше подобро да го одиграш ова, а не да се правиш паметна, а сега испадна уште поглупа“, биле само дел од коментарите.
Голем број од корисниците на „Твитер“ ја обвинија Меган за плагијат.
Меган се откажа од социјалните мрежи во 2018 година кога објави дека се свршила со две години помладиот од неа принц Хари, а во тој момент на „Инстаграм“ ја следеле нешто помалку од два милиона луѓе.