„Меган ги трауматизира нашите деца со своето момче“: Брајан Остин Грин лут на бившата

Глумецот Брајан Остин Грин е лут на својата жена Меган Фокс оти нивните три деца ги запознала со својот нов дечко. Меган и Брајан се разделени неколку месеци, но не се разведени, па глумецот смета дека нејзината постапка е избрзана и трауматична за децата, кои живеат со него.

Според магазинот „Пипл“, тој не сака неговите деца да имаат никаков контакт со музичарот Машин Ган Кели, иако Меган е постојано со него, па дури и размислува да почнат да живеат заедно.

„Меган мисли дека тоа е нормален чекор кога врската станува сериозна. Тоа не е само страст. Затоа дојде време Машин Ган Кели да ги запознае нејзините деца“, рекол извор близок до глумицата за „Пипл“.

Пред неколку месеци Меган и Кели го дадоа своето прво заедничко интервју во кое и двајцата рекоа дека се сродни души. Фокс рече дека со своето момче се две дела на една душа, а тоа го потврдуваат и наталните карти, кои им се поклопуваат.

Инаку, Брајан, кој се прослави со улогата на Дејвид во „Беверли Хилс 90210“, и Меган, позната од серијалот „Трансформерси“, се венчаа во 2010 година и имаат три деца. Тие пред неколку години беа разделени, но Меган остана бремена неколку месеци по разделбата, па тогаш решија да си дадат уште една шанса.

Scroll to Top