Принцот Хари и Меган Маркл се во потрага по својот нов дом во Лос Анџелес, а како што пренесуваат британски „Мирор“, тие имаат буџет во висина од 12 до 17 милиони евра. Во моментов двојката престојува во вилата на Тајлер Пери во Лос Анџелес. Дали престојуваат бесплатно, или плаќаат ќирија, засега не е познато.
Хари и Меган имаат желба да купат вила во северниот дел на Лос Анџелес, а странските медиуми пренесуваат дека двојката веќе имаат видено неколку куќи за кои се заинтересирани.
На листата е куќа во пределот на Бел Ер. Оваа луксузна куќа чини 13,7 милиони евра. Во неа има базен, голем балкон, а внатрешноста е модерно уредена. Внатре во куќата има кино, кое може да собере десетина луѓе. Има и вежбална и сауна.
Другата куќа на списокот, која им паднала во очи на Хари и Меган, се наоѓа во Холивуд Хилс и чини 16,5 милиони евра. Оваа куќа има пет спални соби, опкружена е со голем број прозори кои даваат прекрасен поглед. Вилата има и сопствено кино, базен и голем вински подрум.
Следната куќа е нешто поевтина од другите две. Чини 12 милиони евра и се наоѓа во квартот Брентвуд. Оваа куќа има голем плакар, вежбална, балкон на кровот, вински подрум и кино.
Ова не се единствените вили кои Хари и Меган ги имаат разгледано. Постојат уште неколку опции за кои поранешната кралска двојка размислува да ги купи, пренесуваат странските медиуми.