Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, од профилот на Sussex Royal на „Инстаграм“ повеќе не следат други профили. Кралската двојка објавија дека не им лути на цел свет, туку дека почнуваат хуманитарна кампања.
„Ве молме во текот на следните неколку дена во коментарите да ги додадете своите предлози на лица на кои им се воодушевувате, организации и профили кои ве инспирираат и ви носат оптимизам во вашите живот“, порачаа Хари и Меган, кои сепак изјавила дека мал број на лица ќе продолжат да ги следат на социјалните мрежи.
„Во август ќе ни биде потребна вашата помош. Сакаме да знаеме која е вашата сила за промена. Ве молиме во текот на следните неколку дена во коментарите да додадете свои предлози на личност на која и се воодушевувате. Ќе одбереме петнаесет профили и ќе почнеме да ги следиме од идниот понеделник“, напишаа Хари и Меган на својот „Инстаграм“ профил.
„Сила за промена“, е името на септемвриското издание на списанието „Вог“, кое го уредувала Меган. На насловната ќе се појават 15 инспиративни жени, меѓу кои и манекенката и активистка Адвоа Абоа, премиерката на Нов Зеланд, активистката за климатски промени Грета Тунберг, актерката Ловрен Кос, и други.
„Се надевам дека низ изборот на жени на насловната страна, ќе ја почувствувате силата на заедницата и нивната поддршка во работите кои сметам дека се потребни за да се збори за нив“, изјавила Меган.