Меган и Хари не отидоа на роденденската забава на Кејт Мидлтон

Меган Маркл и принцот Хари не присуствуваа на вечерата што Кејт Мидлтон ја организираше за нејзиниот 37. роденден, пишуваат британските медиуми. Според нив, Кејт роденденот го прославила на 6 јануари со свои блиски пријатели, во семејниот дом во Норфолк, Англија. На роденденот присуствувала кумата на принцот Џорџ, Емилија Жардин-Патерсон со нејзиниот сопруг, Дејвид, кумата на принцезата Шарлот, Лора Мид со сопругот Џејмс, како и пријателката на Кејт Софи Картер со момчето. Единствено не дошле Меган и Хари.

Британските медиуми пишуваат дека војвотката и војводата од Сасекс не биле ни поканети за забавата и дека ова е уште еден доказ дека Кејт и Меган не се во добри односи. Бакингамската палата нема официјално соопштение зошто Хари и Меган не биле на роденденот на Кејт.

 

Scroll to Top