Меган и Хари се повлекуваат од кралското семејство

Војводата и војвотката од Сасекс најавија дека ќе се повлечат како „постари“ кралски членови и дека нивната желба е да почнат да работат за да станат финансиски независни.

„По многу месеци размислување и внатрешни превирања, решивме оваа година да направиме промена и да се обидеме да создадеме нова прогресивна улога внатре во оваа институција. Истовремено ќе продолжиме да ја поддржуваме кралицата“, стои во соопштението од Бакингамската палата испратено до јавноста.

Кралската двојка објасни дека планира да го балансира своето време меѓу Обединетото Кралство и Северна Америка. Велат дека овој географски баланс ќе им овозможи да го одгледаат нивниот син Арчи, уважувајќи ја кралската традиција во која се родил.

Меган и принцот Хари често во своите изјави потенцираа дека им смета тоа што медиумите ги следат во секој нивен чекор и тоа што постојано биле под притисок на јавноста. Велат дека на овој начин делумно ќе успеат да го добијат посакуваниот мир и дека ќе успеат да застанат на патот на медиумскиот притисок.

 

Scroll to Top