Меган Маркл ќе добие 1,5 милиони фунти оштета од таблоидот Mail on Sunday коj го објави нејзиното приватно писмо, кое таа го испрати до нејзиниот татко Томас Маркл. Медиумот го објави писмото без нејзина согласност, па судот пресуди дека ѝ била нарушена приватноста.
„Ова е победа не само за мене, туку за секој кој некогаш се плашел да се спротивстави и да заземе став за нешто што е исправно. Оваа победа претставува преседан, но она што е најважно е дека заедно сме доволно храбри да ја преуредиме таблоидната индустрија која ги уценува луѓето и ги прави да бидат злобни и да профитира од лаги и болката која ја создаваат“, рече Меган, а пренесе „Гардијан“.
Меган 3 години се бореше на суд, а во неделата медиумите објавија дека таа ја добила правната битка поради кршење на авторските права против Associated Newspapers, за текстовите објавени во весниците Mail on Sunday и Mail Online.
Војвотката целата оваа работа ја сфати сериозно и сакаше да се избори за сите оние кои се нашле во слична ситуација и на кои им била нарушена приватноста.
„Утре тоа може да бидете вие. Овие штетни пракси не се случуваат ретко. Тие се секојдневен неуспех кој нè разединува, а сите заслужуваме подобро“, рече Меган.
Британските медиуми објавија дека е договорена парична спогодба меѓу издавачот и Меган. Трошоците на војвотката, пред Associated Newspapers вложи жалба се проценети на 1,5 милиони фунти, но, таа бројка би можела да биде зголемена по жалбата.