Меган лута и љубоморна оти Џеј Ло го воодушевила Хари

Меган и Хари, по напуштањето на Велика Британија, продолжија да живеат во Америка и водат богат социјален живот. Сепак, работите изгледа дека не одат според планот. Имено, светските медиуми веќе некое време пишуваат за кавгите меѓу сопружниците, а New Idea пренесува дека атрактивната 50-годишна Џенифер Лопез му го привлекла вниманието на Хари, поради што Меган е бесна.

Кавгите, пишува списанието, почнале пред неколку месеци кога Меган и Хари заминале на приватна вечера со актерката и нејзиниот свршеник Алекс Родригез.

„Хари помина речиси цела вечер разговарајќи со Џеј Ло, која не само што е многу поубава во живо туку е и крајно харизматична. Речиси сите мажи паѓаат на нејзиниот шарм, а Хари е само човек. Меган се врати од таа вечера лута и многу љубоморна“, откри неименуван извор.

Споменатиот извор тврди дека проблемот е уште поголем бидејќи Хари сака да организира вечера со Џенифер и Алекс во вилата во Беверли Хилс.

„Меган не знае како да се справи со тоа и како да се однесува. Од една страна, Џенифер е дел од нејзиниот план да успее во фабриката на соништата и да стане актерка од А-листата. Можеби тоа е причината зошто не му кажува на Хари за своите сомнежи“, рекол изворот.

Scroll to Top